Графичкиот дизајн е микс од талент, чувство за естетика и технички вештини.Дизајнот е секаде околу нас, почнувајќи од природата па се до модерната архитектура, а графичкиот дизајн е професија која инспирацијата ја црпи токму од околината – комбинира слики и зборови за да раскаже приказна.
Кои вештини треба да ги поседуваш за да станеш успешен графички дизајнер?
Како да направиш несовладлив дизајн?
Како да комуницираш со твојата публика преку слика/текст?
Како да изградиш портфолио/ кои проекти да ги вклучиш?
Одговорите за овие и за многу други прашања поврзани со оваа област ги има Даниела Коцевска, Digital Art Director во Creative Hub.